Friday, January 26, 2018

Статистичка пресметка на досега спроведените конкурси

Фокусирање, концентрација на работата или на проблемот, тоа е многу важна особина на систематичен човек, па и новинар.
За да можеме да ги коментираме конкурсите спроведени според Законот за поддршка на домашното музичко творештво треба да направиме статистичка пресметка и да видиме како поминаа претходните конкурси. Кои се изведувачите и продукциите што биле субвенционирани. Колкави суми им се доделени. Дали создадените продукти ги има во етер и каква е нивната прифатеност кај јавноста.

Во овој пост конзекутивно ќе внесувам податоци извадени од пресметките што ги правам во однос на досега реализираните конкурски спроведени според Законот за поддршка на домашното музичко творештво. Паралелно ќе изнесам и неколку мои согледувања и заклучоци.

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Досега, за 4 години завршени 15 конкурси, од нив по 3 конкурса МРТВ прекина да постапува, а 2 конкурса ги поништо Министерството за Култура. Затоа пресметките што ги правам се за 10 спроведени конкурси, 4 во 2014, 4 во 2015, 1 во 2016 и 1 во 2017.

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Членови на комисии:

1, 2014 Робертино Саздов Сузана Стефановска Будимка Имери Ристо Апостолов Јошко Бошковски Љупчо Стојановски -
2, 2014 Радица Митиќ Ристо Апостолов Методија Автовски Томислав Таневски Тоде Спасовски Никола Фириев Благоја Здравковски
3, 2014 Ванчо Димитров Марко Коловски Јошко Бошковски Васка Наумова Томовска Авни Алији Симеон Иванов Канго Лилјана Автовска
4, 2014 Робертино Саздов Сузана Стефановска Радица Митиќ Цане Петров Благоја Здравковски - -
1, 2015 Методија Автовски Марко Коловски Лилјана Автовска Васка Наумова Томовска Дритон Сулејмани Никола Фириев Јошко Бошковски
2, 2015 Васил Фотиу Јошко Бошковски Васка Наумова Томовска Лилјана Автовска Ристо Апостолов Симеон Иванов Канго -
3, 2015 Томислав Таневски Љупчо Стојановски Методија Автовски ДЕЈАН ЌУРЧИЕВ Дритон Сулејмани Зоран Трпков Константин Карев
4, 2015 Ристо Апостолов Робертино Саздов Васка Наумова Томовска Лилјана Автовска Симеон Иванов Канго Маја Вукиќевиќ -
1, 2016 Благоја Здравковски Методија Автовски Никола Фириев Весна Малјановска Цане Петров Лилјана Автовска Панче Илиев
1, 2017 Јошко Бошковски Димитар Чемков Александар Постоловски Тоде Спасовски Цане Петров Панче Илиев Константин Карев

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Застапеност на членови на комисијата:

Јошко Бошковски 5
Лилјана Автовска 5
Васка Наумова Томовска 4
Методија Автовски 4
Ристо Апостолов 4
Благоја Здравковски 3
Никола Фириев 3
Робертино Саздов 3
Симеон Иванов Канго 3
Цане Петров 3
Дритон Сулејмани 2
Константин Карев 2
Љупчо Стојановски 2
Марко Коловски 2
Панче Илиев 2
Радица Митиќ 2
Сузана Стефановска 2
Тоде Спасовски 2
Томислав Таневски 2
Авни Алији 1
Александар Постоловски 1
Ванчо Димитров 1
Васил Фотиу 1
Весна Малјановска 1
ДЕЈАН ЌУРЧИЕВ 1
Димитар Чемков 1
Зоран Трпков 1
Маја Вукиќевиќ 1
Будимка Имери 1

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Вкупен број на поддржани композиции по категории:

комп.
ТАЛЕНТИ 23
АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ 46
ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ 74
ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ 73
КОМ. СО КОИ СЕ АФИР. ИСТОР.НА МАК. 17
КОМ. СО КОИ СЕ АФИР. СЕМ. ВРЕД. 13
ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ 79
Ѕвезди 45
ВКУПНО 370

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Доделени субвенции по категории:

Евра
ТАЛЕНТИ 69000
АФИРМИРАН ИЗВЕДУВАЧ 138000
ИСТАКНАТ ИЗВЕДУВАЧ 222000
ВРВЕН ИЗВЕДУВАЧ 219000
КОМ. СО КОИ СЕ АФИР. ИСТОР.НА МАК. 51000
КОМ. СО КОИ СЕ АФИР. СЕМ. ВРЕД. 39000
ДЕТСКИ КОМПОЗИЦИИ 31600
Ѕвезди 202500
ВКУПНО 972100

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако на вкупната сума на доделени субвенции за 10 квартални конкурси, 972100 евра се одбие персонален данок од 10% кој при исплата се одбива, останува сумата од 874890 евра исплатени на пеачи и групи. 

Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Изведувачи (пеачи и групи) и број на субвенции за композиции кои ги добиле, освен детските композиции:

1 Куку Леле (група) 8
2 Кате и Нели ти реков (група) 7
3 АЛЕКСАНДАР РИСТОВСКИ ПРИНЦ 6
4 ЃОКО ТАНЕСКИ 6
5 ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ 6
6 ЕЛВИР МЕКИЌ 6
7 Соната и КАТЕРИНА БРЕЗЕВА (група) 6
8 ВОДОЛИЈА (Група) 6
9 СТЕВЧЕ ЌИРОСКИ 6
10 СУЗАНА СПАСОВСКА 6
11 АРИЈА (Група) 5
12 ГРАМОС АЉИЈИ 5
13 ДУШКО ГЕОРГИЕВСКИ 5
14 ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВА 5
15 ИРЕНА СПАСОВСКА 5
16 АДРИЈАН ИСЛАМИ - ГАЏА 4
17 АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА 4
18 АНЕТА РИСТОВА ВАСИЛЕВА 4
19 ГОРАН НАУМОВСКИ 4
20 ДАРИЈО ПАНКОВСКИ 4
21 ДЕЈАН ЌУРЧИЕВ 4
22 ЗОРАН РУДАН ЦЕКИ 4
23 ЈОВИЦА МИЦЕВСКИ 4
24 МАРЈАН СТОЈАНОВСКИ 4
25 МИШКО КРСТЕВСКИ 4
26 НАДЕ ТАЛЕВСКА 4
27 СИЛВИ БЕНД (Група) 4
28 СИМОНА ПОПОСКА 4
29 АЛЕКСАНДАР БЕЛОВ 3
30 БЛАГОЈА ГРУЈОВСКИ 3
31 ВИОЛЕТА ТОМОВСКА 3
32 ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ 3
33 ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА ТОЛЕВСКА 3
34 ИГОР МИТРОВИЌ 3
35 ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ 3
36 ЛИДИЈА КОЧОВСКА 3
37 МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ 3
38 РИСТО САМАРЏИЕВ 3
39 САЊА ХРИСТОВА ЛЕФКОВА 3
40 ФИЛИП ЈОРДАНОВСКИ 3
41 АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ 2
42 АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА 2
43 БОБАН ЦАНЕВСКИ 2
44 БОЈАН СТОЈКОВ 2
45 ГОРАЗД ЧАПОВСКИ 2
46 ДИМИТАР АНДОНОВСКИ 2
47 ДРАГАН ВЕЛИЧКОВСКИ - ТАЈЗИ 2
48 ЕМИЛ АРСОВ 2
49 ЕСМА РЕЏЕПОВА 2
50 ИБУШ ИБРАИМОВСКИ 2
51 ИЛЕ СПАСЕВ 2
52 КРИСТИЈАН ГАБРОСКИ 2
53 КРИСТИЈАН ТАСЕВСКИ 2
54 ЛИНДОН БЕРИША 2
55 МАЈА ВУКИЧЕВИЌ 2
56 МАЈА ГРОЗДАНОВСКА ПАНЧЕВА 2
57 МИЛИЦА КУЗМАНОВСКА 2
58 МОМИР НИКОЛОСКИ 2
59 МУСТАФА ИМЕРИ 2
60 НАУМЕ ПЕТРЕСКИ 2
61 НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ 2
62 ПЕТАР НЕЧОВСКИ 2
63 ПЕТРЕ ХРИСТОВ 2
64 Ристо Вртев 2
65 САРА КОСТАДИНОВСКА 2
66 СИМЕОН ИВАНОВ – КАНГО 2
67 Теодора Зероска 2
68 ХРИСТИЈАН ДИМИТРИЕВСКИ 2
69 АВНИ АЉИЈИ 1
70 АГИМ ПОШКА 1
71 АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ 1
72 АЛЕКСАНДРА МИХОВА 1
73 АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА 1
74 АНЕТА МИЦЕВСКА 1
75 АНЕТА НАКОВА 1
76 АНЕТА ЦВЕТКОВСКА - МАЛИНКОВА 1
77 АРТА МЕМЕДИ И БЕЊАМИН АЈРУЛАХИ (Група) 1
78 БАЈРАМ АЛИ 1
79 БЕТИМЕ ЗУЛАЛИ 1
80 БЕЌИР АЛИУ 1
81 БЛАГА ПЕТРЕСКА 1
82 БОЈАНА АТАНАСОВСКА 1
83 БЕН ХУР 1
84 ВЕНЕРА ЉУМАНИ 1
85 ВЕРА ЈАНКОВИЌ 1
86 ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ 1
87 ВЛАДО ЈАНЕВСКИ 1
88 ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ 1
89 ВУЛНЕТ ИБРАИМИ 1
90 АЈ КЈУ (Група) 1
91 Дамјан Лазаров 1
92 Дуо коктел (Група) 1
93 ДУШКО ТЕМЕЛКОВСКИ 1
94 ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА 1
95 ЕЛЕНА МИРЧЕВСКА 1
96 ИЛИНА ЛАЗАРЕВСКА 1
97 ИСКРА ТРПЕВА АРСОВСКА 1
98 ЈАСМИНКА ГУЊОВА КОСТОВА 1
99 Јованка Јакимоска Митревска 1
100 ЈУЛИЈАНА НИКОЛОВСКА 1
101 Калина Велковска 1
102 КРИСТИНА АРНАУДОВА 1
103 ЛАУРА КРЛИУ 1
104 Љупчо Чедомирски 1
105 МАХМУТ ФЕРАТИ 1
106 МЕТОДИ БОГДАНОВ 1
107 МИКИ ЈОВАНОВСКИ ЏАФЕР 1
108 МИКИ СЕКУЛОВСКИ 1
109 МИЛЕНА ЈОВАНОСКА 1
110 НАТАША МАЛИНКОВА 1
111 НАТАША МИЈАТ КРСТЕВСКА 1
112 Нокаут (Група) 1
113 НИКОЛОВА СТОЈНА 1
114 НИНА ЈАНЕВА 1
115 НОВИЦА ВАСИЛЕВСКИ 1
116 ПАНЧЕ ИЛИЕВ 1
117 ПЕРО ЦАЦА 1
118 Петруна Димитрова 1
119 РИНИ ДАУТИ 1
120 РОБЕРТ ВУКЕЛИЌ 1
121 СЕВЕРЏАН ЛАЧИ 1
122 ТАМАРА ТОДЕВСКА 1
123 ТАЊА БОЈКОВСКА 1
124 ТЕФИК ИСЛАМИ 1
125 ХРИСТИЈАН ТОДОРОСКИ - КИКО 1
126 ЏЕМАИЛ МУРТИШИ 1
127 ЏУЛА ЧОЛАКУ (ГАШИ) 1
ВКУПНО 291
Ги молам новинарите при цитирање на податоците да го наведуваат авторот и линкот до оваа локација.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Следуваат податоци за автори и продукции на аудио и видеозаписи

Thursday, January 11, 2018

Поддршката е потребна

Живееме во општество на изразени контрасти и сензационализми, во кое сѐ се случува кампањски, експлозивно и емотивно.
Интересни ми се луѓето кои се нарекуваат себеси новинари, а кои како по команда започнуваат да пишуваат за определена општествена појава, носат заклучоци брзоплето, без студиозно истражување, размислување и консултации, а потоа, повторно како по команда престануваат да пишуваат на таа тема.

Денес актуелни се резултатите од два квартални конкурса спроведени според Законот за поддршка на домашната музичка продукција кои ги истакна на својот сајт МРТВ, па, новинарите како во договор и како по команда пишуваат еднолични површни текстови во кои оркестрирано се напаѓа конкретниот закон, комисиите или изведувачите што добиле поддршка.
Не кажувам дека не треба да се пишува на оваа тема. Самиот, веќе неколку години, ја побудувам критичката јавност да увиди дека има проблеми, неправилности, па дури и незаконски постапувања од страна апликанти (изведувачи и продуценти) и членови на комисиите.

Голем дел од проблемите и можностите за злоупотреба ги продуцира лошо конципираниот текст на Законот, кој и покрај многуте обиди така и не стигна да добие измена со која ќе се елиминираа проблемите.
На сајтот на МРТВ постои Предлог за изменување и дополнување на Законот датиран со февруари 2015, но тој така и не стигна до собраниска расправа:

Сега слушам дека Министерството за култура размислува да го укине Законот заради тоа што истиот „не придонел за зголемување на квалитетот, ниту пак донесе до напредок и развој на музичката продукција и индустрија“ „Повеќето од композициите воопшто не наидоа на прием ниту беа слушнати од поширока јавност, а ниту беа промовирани и емитувани интензивно на македонските радија и телевизии“ пишува во експликацијата на Министерството до Владата.
Да, навистина голем дел од композициите кои добија поддршка не стигнаа до јавноста, некои изведувачи и нивните продукции не се ни помачиле да ги однесат видеозаписите по медиуми, туку ги донеле само во архивата на МРТВ за да се отчитаат за добиените пари; претпоставувам дека намерата на таквите продуцентски тимови и изведувачи била само да извадат што повеќе пари од предвидените за поддршка. Некои од аудио и видеозаписите имаа ниска, или немаа никаква естетика, но тоа што таквите композиции добија поддршка е последица на одредбите на Законот. Но, не се согласувам дека Законот треба да се укине. Тоа е лесно но непродуктивно решение.

Ако се прочитаат формулациите во првичниот предлог за носење на Законот, ќе се види дека тој бил донесен поради тоа што (донесувам извадоци):
„Социолошко-општествените појави и влијанија на времето во кое живееме, во последната деценија, доведоа до евидентен пад на продукцијата на македонската популарна, забавна и народна песна. Сѐ уште се соочуваме со експанзија на социолошкиот феномен „турбо-фолк култура“, кој доведе до искривена перцепција за тоа што се вистински вредности во уметноста и културата.“
„Со овие мерки ќе се втемели статусот на творецот, но и на репродуктивниот уметник во македонското општество.“
„Целта на предложениот Закон е Стимулирање на македонската забавна и народна продукција и Достапност до културните вредности создавани и изведувани од автори и изведувачи од Република Македонија.“
тогаш може да се заклучи дека причините за постоење на Законот сѐ уште постојат: 
  • Не постои самоодржлива македонска музичка индустрија, која ќе биде отпорна на надворешни влијанија;
  • Постои премала продукција на музика;
  • Поради нискиот економски стандард музичките уметници не можат да си дозволат да и се посветат на музиката професионално (ова посебно се однесува на уметниците кои создаваат авторски дела);
  • Помеѓу консументите на музика владее перцепција дека домашната музика не заслужува да биде слушана и купувана;
  • Продажбата на носители на звук е минорна;
  • Музичките фестивали се присвоени од лукративни кланови;
  • ...
Затоа на Министерството за Култура му предлагам наместо закон за укинување на Законот, да осмисли закон за измена на Законот, со кој ќе се отстранат можностите за злоупотреба, а ќе се создадат подобри механизми за поддршка на домашната квалитетна продукција. А на новинарите кои сакаат да и помогнат на домашната музика им предлагам да се посветат потемелно и да истражуваат:
  • Ако веќе се нафаќаат да го критикуваат постапувањето според Законот, тогаш прво да го најдат, да го прочитаат и да ги разберат неговите одредби, а не да ја дезинформираат јавноста со информации и бројки извадени од ракав;
  • Да направат статистички збирни податоци за тоа кои изведувачи, кои автори и кои продукции добивале, а кои не добивале поддршка на досега спроведените конкурси; со што ќе дојдат до информации за тоа кои изведувачи и продукции ги имаат узурпирано конкурсите, па добиваат енормни суми на штета на други автори, изведувачи и продукции за кои поддршката останува недостапна.(Податоците се општодостапни на сајтот на МРТВ);
  • Да истражат кои од субвенционираните видеозаписи се дадени во етер, а кои не се дадени, и од кои причини;
  • Да откријат кои лажни податоци и лажни исправи се користени за да се аплицира по конкурсите спроведени според Законот (Сета документација од спроведените конкурси е достапна со нејзино барање преку Законот за слободен достап до информации од јавен карактер)
  • Треба да се работи повеќе, пред да се пишува, друга'ри!

На новинарите им стојам на располагање за дополнителни информации на темата, а на Министерството со предлози за измени на Законот.

Константин Карев, неколкукратен член и претседател на комисијата која одлучуваше по конкурсите.

Tuesday, March 29, 2016

Оспорување на 4от конкурс за 2015 г. спроведен според законот за поддршка на домашната музичка продукција

Борбата за создавање на поправично, поорганизирано а со тоа и попродуктивно општество продолжува. Обврска да го крене својот глас против неправедноста, глупоста, неодговорноста, непрофесионалноста, конформизмот, опортунизмот... има секој од нас.
Во конкретниот случај јас сум лично инволвиран и веќе втора година водам битка со Јавното претпријатие МРТВ. Се работи за спроведување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, чие спроведување е дадено во надлежност на МРТВ.
МРТВ распишува квартални конкурси на кои се одлучува на кои композиции да им биде доделена субвенција.
На 25.03.2016 МРТВ на својата интернет страница истакна документи, во едниот се наведени композициите кои добиваат поддршка: http://mrt.com.mk/node/30999
другиот ги содржи одбиените композиции: http://mrt.com.mk/node/30998
Прво што паѓа в очи е доцнењето со решавањето по конкурсот. Тој беше затворен на 31.12.2016; на 12.01.2016 веќе беше составена комисијата за одлучување (ова го знам од прва рака затоа што на тој датум и мене ми се јавија од МРТВ со предлог да учествувам во работата на комисијата; предлог што јас го одбив). Во документите дадени на интернет МРТВ ја наведува целата сага со одлучувањето по конкурсот; наведено е дека Комисијата го поднела првиот Извештај со бр. 02-167/5 до Директорот на МРТ на 26.01.2016, потоа продолжила размена на дописи, во што беше вклучено и Министерството за култура. Последниот извештај со број 02-167/14, со приложената документација Комисијата го поднела на 11.03.2016 година, па како одговор Директорот на ЈРП МРТ Скопје на 25.03.2016 ги донесе одлуките кои ги спомнав претходно.
Сите овие рокови ги надминуваат роковите дадени во Законот:

·         Според параграф  2 од Членот 16 од Законот Комисијата требало да одлучи по конкурсот во рок од 24 часа сметано од часот на започнувањето на постапката за одлучување по конкурсот, а Комисијата го доставила првиот извештај на 26.01.2016, 14 дена после почетокот со работа.
·         Според Членот 20 од Законот Директорот на МРТВ требаше да донесе конечните одлуки во рок од 3 дена по добивањето на предлог извештајот на комисијата, но од 11.03.2016 до 25.03.2016 има 14 дена, односно законскиот рок е пречекорен за 11 дена.

Противзаконско е и самата конечна одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции. Законот наведува дека во четвртиот квартален конкурс треба да се одобри поддршка на 13 детски композиции (Член 17, став 7) и 33 композиции во останатите категории, без категоријата „Ѕвезди„ (Член 17 став 4); Во одлуката за поддршка се наведени само 7 детски композиции (наместо 13) и само 13 композиции во останатите категории, без категоријата „Ѕвезди„ (наместо 33).

Во текстот на одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции е спомнато дека Директорот на МРТВ  се обрати до Министерството за култура и побара мислење за правилната примена на Законот. Постапка што е погрешно насочена затоа што на Министерството за култура му е дадена законска обврска да врши надзор над спроведување на Законот (Член 24), но не и негово толкување. Истото е кажано и во овој документ: 


Толкување на закон може да направи само органот што го донел, а тоа е Собранието на Р. Македонија.
Имајќи го сето погоре наведено предвид и чувствувајќи се оштетен од постапувањето на Комисијата и Директорот на МРТВ  им предлагам на сите останати кои учествувале во конкурсот и се чувствуваат исто како мене, заеднички да спроведеме збир на активности со кои ќе побараме да се дадат во јавност сите релевантни документи и да се преиспита постапувањето по конкурсот.

Располагаме со следните инструменти:
1.    Користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да ги побараме од службено лице Марјан Анчевски, наведено на сајтот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (http://komspi.mk/?p=1899) копии од сите документи споменати во одлука за избор на изведувачи односно на нови композиции:
v  Извештај со бр. 02-167/5 од 26.01.2016 година
v  Известување број 02-167/9 од 04.02.2016 година
v  Допис број 02-167/10 од 08.02.2016 година
v  Допис број 02-167/8 од 04.02.2016 година
v  Дополнително барање мислење број 02-167/11 од 15.02.2016 година
v  Допис - Мислење број 58-2575/2 од 03.03.2016 година
v  Извештај од Комисијата број 02-167/14 од 11.03.2016 година, како и приложената со него документација (Бодовникот кој го составила и според кој се раководела комисијата (Член 17 став 3))

2.    Користејќи го Законот за управна постапка да покренеме постапка за проверување на законитоста во постапувањето по конкурсот.
3.  Од причина што на Министерството за култура му е дадена законска обврска да врши надзор над спроведување на Законот (наведено во член 24) - обраќање до Министерството со барање за проверка на законитоста во постапувањето

И двете постапки можам да ги покренам и самиот, но имајќи го негативното искуството на контактирање со МРТВ при што моето претходно барање беше игнорирано, барам поддршка од сите што се сметаат себеси за оштетени од постапувањето по овој конкурс, за да постигнеме масовност.
Ве молам да го испратите текстов до секој засегнат.
Контакт преку ФБ групата: https://www.facebook.com/groups/1163049420411749/

Wednesday, January 13, 2016

Поддршка на домашната музичка продукција - мое искуство од учеството во комисијата

Помина два месеца од моето учество во комисијата за избор на нови музички композиции според Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Месеци, во кои се двоумев дали да го изнесам во јавност моето искуство или не. 

Малодушноста и конформизмот ми кажуваа да си седам мирно, да не се замерувам со никого, но, од друга страна, совеста и разумот ми кажуваат да пишувам.
Па на кој начин да очекуваме дека ќе се сменат негативните работи ако не се проговори за нив? Еве веќе седми конкурс, секоја нова комисија ги повторува грешките на претходните. 

И што имам јас да се плашам да загубам, кога и во 6 претходни конкурси мои композиции не добиваа поддршка, а на ваков начин на кој се спроведуваат конкурсите и во наредните 66 нема да добијат.

Претходно кога бев во улога на апликант не можев да добијам ниту елементарна информација од правната служба во МРТВ за причината на таквите исходи, па да знам дали документите ми беа сметани за некомплетни, или испратените композиции не добија доволно поени; па сакав да се најдам во позиција да видам како се поставени работите одвнатре. Затоа дадов половина од ветениот хонорар од 10 000 денари (којшто сеуште не ми е исплатен) за да можам да стигнам до Скопје за два часа, како што пропишува Законот (Инаку, голема глупост – за два саата треба да стигнеш до Скопје, да речеме од Ресен).

Навистина ми се одвратни секаквите непринципиелни договарања, калкулациите на нечија штета и релациите мој-твој кои ги има насекаде во нашето општество па ги имаше и во работата на комисијата во која учествував.
Да, причина за таквите постапувања се наоѓаат во нашиот менталитет. Но во конкретниот случај вината е и во правните недоречености и неосмислености на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, а и во неговата лоша реализација.

Во продолжение на текстов ќе ги наведам проблемите кои ги евидентирав; како и моите предлози за решавање на истите:

Обемна работа
Од комисијата се бара да заврши обемна и одговорна работа во рок од само 24 часа, што е невозможно. Обем од околу 160 апликации една комисија не може да го прегледа и преслуша за еден ден. Ние само на преслушување на сите композиции потрошивме 13 часа, самите апликации ги проверувавме уште неколку дена. Значи потребна е работа во два – три дена.
За да не искрсне проблемот со безбедно чување на документите (каков што имавме ние), за да се избегнат можностите за нивна злоупотреба (што во нашиот случај беше возможно затоа што после преслушувањето во првата вечер апликациите беа поделени помеѓу членовите на комисијата), во една дневна сесија треба да се отворат само пликоата чии апликации и композиции ќе бидат преслушани во текот на денот, останатите треба да останат затворени и на безбедно чување.

Проверка на документите е сложена
Ако ви кажам дека документите ги проверувавме заедно со правната служба на МРТВ, која и после темелното проверување на апликациите, после неколку дена си најде грешки во сопствената работа, ќе ви стане јасно дека документацијата е обемна и нејзината проверка сложена.

Затоа при отварањето на пликоата заедно со комисијата треба да работат и претставниците на правната служба на МРТВ, за да можат документите да се проверат темелно, само еднаш, за да нема збрки.


Бележење на оценките
Оценките треба да ги бележат сите членови на комисијата за да не се случи само претседателот да ги има, што остава можност за манипулација или грешка (Што беше случај во нашата работа - веќе на вториот ден претседателот на комисијата, Таневски ни достави завршни записници кои требаше да ги потпишеме, без да ни ги достави целосните бодовни листи)
Оценките и пресметките што ги наведувам во овој блог ги имам затоа што ги запишував паралелно со претседателот.
Според моите пресметки увидов дека има грешки во записниците што ни ги достави претседателот. По неколкудневно блокирање на работата на комисијата евидентираните грешки беа поправени.

Лажни податоци
Комисијата нема начин како да ја провери веродостојноста на некои податоци во апликациите.

Според Законот комисијата е обврзана да утврди дали изведувачите ги исполнуваат утврдените услови за категоријата во која поднеле апликација: број на издадени синглови, албуми, одржани концерти; иако нема начин како да ја провери веродостојноста на доставените податоци.

Освен тоа иритираат лажните податоци кои на конкурсот ги доставуваат апликантите во категоријата „Ѕвезди„. Тие едноставно лицитираат со што поголем број, нереален број на одржани самостојни концерти за да добијат што поголем број поени. Комисијата нема начин да провери колку концерти тие навистина одржале.


Правната служба на МРТВ не е конзистентна
Најголемо разочарување ми предизвика постапувањето на правната служба на МРТВ која прво отфрли 13 апликации
Душко Георгиевски
Илина
Мето Богданов
Нема песна
Линдон Бериша
Чудо
Александар Тасевски
Далеку од Македонија
Катерина Блазева
Проклета туѓина
Симона Поповска
Знам дека лажеш
Ставре Ставрев
Пак ќе погрешам
Дарко Манасиевски
Лето
Димитар Димитров
Еко песна
Филип Јорданов
Вечна Македонија
Тања Бајрактарова
Брзозборка
Тања Бајрактарова
Големиот буф
Дарко Манасиевски
Скијање

за потоа дел од нив да ги земе за валидни.
Основниот проблем беше со уверенијата за државјанство кои кај некои изведувачи и автори беа постари од 6 месеци, а кај некои тие недостасуваа. Правната служба прво ги сметаше уверенијата за државјанство  постари од 6 месеци (макар и да имаат нотарска заверка во рамките на 6те месеци) за невалидни, потоа, под притисок на јавноста се премисли (што не е прифатливо! А и се поставува прашањето од каде јавноста знае за составот на комисијата и за нејзината работа? Значи дека протекуваат информации или од членовите на комисијата, или од вработените во МРТВ).

писмо, „предупредување!„ кое го добивме за време на работата на комисијата

На крајот беа отфрлени 7 апликации,
Тања Бајрактарова
Брзозборка
Тања Бајрактарова
Големиот буф
Дарко Манасиевски
Скијање
Татјана Шабановска
Мала принцеза
Татјана Шабановска
Другарка
Лидија Бјелица
Детскиот свет
Ана Пандевска
Математика
настрадаа најдобрите детски песни во чии апликации недостасуваа документи.

За да се избегнат овие збрки би требало да се постапува флексибилно и на изведувачите чии композиции ќе ги исполнат уметничките критериуми и ќе освојат доволен број поени, но кои немаат доставено некои документи, или имаат доставено невалидни документи да им се овозможи да ги комплетираат документите. Треба да се има предвид дека основна цел е да се додели поддршка на квалитетни песни.
Како што ми беше кажано, на иста таква флексибилност повикуваа и претставниците на Министерството за култура на јавната расправа за изменување на горенаведениот Закон. Тука да наведам дека Законот не го регламентира во детали начинот на поднесување на апликациите, а и тоа дека сите права и обврски за избор на композициите кои ќе бидат поддржани лежат врз Комисијата.

Криминал
Со Законот се предвидува доделување поддршка во износ од 3000 или 4500 евра по композиција. Тоа се солидни средства за наши услови. Таквите суми секако провоцираат на манипулации и местенки, па и нема да се срамам да кажам и погрубо: криминал. Да, криминал, затоа што кога некој нема да ги добие заслужените средства а некој незаслужено ќе ги добие - тогаш станува збор за кражба.

Највпечатлив обид за манипулација на кој присуствував беше кога еден член од комисијата, Дритон Сулејмани побара повторно да се разгледаат документите во веќе отфрлената апликација на композицијата „Чудо„, на изведувачот Линдон Бериша , при повторната проверка меѓу документите беше најдено уверение за државјанство за авторот на музиката и на аранжманот на композицијата, Иван Јованов издадено истиот ден кога се прегледуваа документите. Очигледно тој член на комисијата го подметнал уверението, но настанот беше заташкан - како ништо да не се случило. Потоа, после писмото-предупредување наведено погоре, правната служба на МРТВ и на оваа композиција и одобри поддршка.

Најмалку што очекувам од МРТВ е да не и дозволи на таа персона учество во наредните комисии.

Други согледувања
Комисијата не може по едно слушање да процени дали во некоја поднесена композиција има елементи на плагијат. А такви сомневања има. Па излегува дека им се доделува поддршка на плагијати

Во текстовите на некои композиции се забележуваат граматички или смисловни грешки, но комисијата нема лектор во својот состав.

Пријавите треба да се доставуваат во електронска форма. Во тој случај членовите на комисијата нема да имаат потреба повторно да ги внесуваат податоците кои се однесуваат на песните.

Потребна е рационализација, за работата на наредните комисии да биде олеснета, а резултатите веродостојни.

За да им се даде кредибилност на конечните резултати од изборот на композиции на кои ќе им биде доделена поддршка, потребно е јавно објавување на сите доделените поени за секоја композиција.
Само со транспарентност и јавно објаснување на сите активности и одлуки може да се отстранат сите сомнежи за фаворизирање на определени изведувачи и продукции.


МРТВ како надлежна за спроведување на Законот треба да постави принципи кои ќе бидат правило за постапување за сите наредни комисии. 

Завршните одлуки на комисијата се наоѓаат тука: 
http://mrt.com.mk/node/27398

и тука:
http://mrt.com.mk/node/27397



За транспарентност во продолжение ги наведувам сите бодовни листи за третиот квартален конкурс спроведен според Законот за поддршка на домашната музичка продукција за 2015 година, очекувам дека понатаму информациите со бодовните листи ќе ги дава МРТВ на својата интернет страница:


КОМИСИЈА
1 2 3 4 5 6 7 Просечна оценка
Категорија: Таленти
Народни композиции
6926/1 Бобан Цаневски Засекогаш 8 9 8 3 8 5 2 6.14
Кристијан Тасевски Лична Јана 8 4 3 5 6 6 6 5.43
Орде Неделковски Биди силна 8 2 2 2 3 2 1 2.86
Забавни композиции
Анета Ристова Растопи ме 7 4 5 9 9 8 8 7.14
6810/1 Јасмин Алиевски Капка твој парфем 7 5 4 6 3 5 9 5.57
Ива Христова Секој од нас 6 3 6 5 4 5 4 4.71
Бобан Павловски Сами јас и ти 6 3 5 2 6 6 2 4.29
6803/1 Станимир Ѓуровски Остани бар уште оваа ноќ 6 2 5 4 4 5 3 4.14
6804/1 Станимир Ѓуровски Барем еднаш 6 2 3 4 3 5 3 3.71
Анета Ристова Сега ти 6 2 3 2 4 3 4 3.43
6849/1 Хрстијан Тодоровски Врати се 2 3 4 3 3 4 2 3
6849/1 Христијан Тодоровски Аплауз  1 3 3 2 3 2 2 2.29
Категорија: Афирмирани изведувачи
Народни композиции
Душко Георгиевски Илина 10 9 6 8 7 9 9 8.29
6881/1 Христијан Димитриевски Ние двајца вљубени 6 5 5 6 8 8 9 6.71
6844/1 Мето Богданов Нема песна 8 3 4 6 8 7 6 6
6828/1 Јовица Мицевски Летај песно 9 3 4 5 5 6 3 5
6797/1 Јулиана Николовска Бродови 7 5 3 6 4 6 3 4.86
6881/1 Христијан Димитриевски Опа нина 5 5 5 3 6 7 2 4.71
6823/1 Јовица Мицевски Зарем заборави 7 4 3 2 3 8 3 4.29
Сања Петковска Преку 7 мориња 5 4 3 2 3 2 2 3
Забавни композиции
6892/1 Александра Јанева Солза за крај 10 6 6 10 7 9 9 8.14
6850/1 Линдон Бериша Чудо 8 5 6 9 9 8 10 7.86
6890/1 Александар Тасевски Далеку од Македонија 9 5 5 8 8 8 8 7.29
6861/1 Грамос Алиу Не разбира 2 5 10 7 7 6 10 6.71
Роберт Вукелиќ Време и невреме 2 9 10 4 7 7 6 6.43
6809/1 Димитар Стојменовски За малку повеќе 8 6 5 5 8 7 3 6
Сара Костадиновска Лажев јас 10 3 2 6 9 8 3 5.86
6824/1 Јане Дунимагловски Сто песни 6 6 4 4 5 6 9 5.71
6862/1 Грамос Алиу Јас те сакам 5 3 5 8 5 4 10 5.71
6846/1 Маја Саздановска Не барај ме 7 5 3 7 7 7 3 5.57
Сара Костадиновска Си заљувив 8 2 5 5 8 7 1 5.14
Сара Костадиновска Нај..нај...најсреќна 6 3 2 7 7 6 5 5.14
Мики Секуловски Играј со мене 9 2 2 7 4 5 2 4.43
Александра Јанева Ми зеде се 4 2 2 5 6 5 5 4.14
Мики Секуловски По навика 4 2 3 5 5 3 5 3.86
6924/1 Борчо Димитров Ако не си ти 9 2 3 3 4 3 1 3.57
Виктор Апостоловски Феномен 3 2 3 5 5 3 3 3.43
Зоран Илиев Подобро да не знаев 4 2 1 4 4 3 1 2.71
6827/1 Јане Дунимагловски Отровна 2 2 2 3 3 3 2 2.43
Борчо Димитров Мораш 2 2 2 1 3 1 1 1.71
Категорија: Истакнати изведувачи
Народни композиции
Ирена Спасовска Твоја среќа сум 3 9 7 2 8 7 2 5.43
6845/1 Катерина Блазева Проклета туѓина 8 4 5 4 6 6 4 5.29
6795/1 Јовица Мицевски Утеха 7 6 3 4 6 7 2 5
Милица Кузмановска Горда жена 2 4 3 7 5 6 2 4.14
Зоран Рудан Тече време 1 7 3 3 4 3 3 3.43
6824/1 Раде Митревски Судбо света 5 3 4 2 3 4 2 3.29
6829/1 Сузана Јовчева Дојди ми некогаш 1 5 3 5 3 3 3 3.29
Анета Цветковска Убаво е 5 4 3 1 3 2 3
Забавни композиции
6858/1 Лаура Крлиу Доста веќе 5 6 10 9 6 7 10 7.57
6847/1 Симона Поповска Знам дека лажеш 9 5 5 9 8 8 6 7.14
6898/1 Игор Митровиќ Не оди си 6 4 6 7 9 9 7 6.86
6897/1 Маја Вукиќевиќ Сега ми требаш 5 9 5 6 7 7 8 6.71
Зоран Рудан Мој ангеле 7 6 5 6 6 6 6 6
Александар Тарабунов Дали има кој да ти каже 7 3 6 6 8 7 2 5.57
Бојан Трајковски Чудно 7 4 3 5 8 6 4 5.29
Наташа Малинкова Убаво е 6 2 3 6 8 6 5 5.14
6806/1 Билјана Додева Без нервоза 9 2 4 3 3 5 9 5
6896/1 Соња Левкова Врати се 3 2 6 2 7 6 9 5
Наташа Малинкова Далеку 5 3 2 6 8 6 5 5
6805/1 Билјана Додева Нема да се дознае 4 2 3 6 5 5 9 4.86
Бојан Трајковски Филмот магичен 10 2 3 6 5 7 1 4.86
6875/1 Маја Вукиќевиќ Италијано 2 10 6 3 3 4 5 4.71
6811/1 Горан Наумовски Твој засекогаш 8 2 3 7 4 5 3 4.57
6878/1 Александар Белов Ајде признај 1 6 4 5 5 6 4 4.43
6875/1 Маја Букичевиќ Истакнати спомени 2 9 5 4 3 4 2 4.14
6802/1 Филип Јордановски Кога би знаела се 3 2 7 2 5 5 2 3.71
6877/1 Борче Шабановски (Бен Хур) Пак ти 5 5 4 4 3 3 2 3.71
Дарко Илиевски Кажи кажи 4 2 4 5 7 3 1 3.71
Бојан Трајковски Сепак ми е забавно 3 3 2 5 5 5 2 3.57
Зоран Рудан Одиш ти 1 6 4 3 4 3 3 3.43
6878/1 Александар Белов Јас сум сеуште оној истиот 2 4 4 4 4 4 2 3.43
6883/1 Лилјана Атанасова Како во сон 2 2 3 4 4 5 4 3.43
Зоран Рудан Хотел Носталгија 2 5 4 2 4 3 3 3.29
6808/1 Иле Спасев Љубов ми треба 4 3 3 3 3 3 3 3.14
6807/1 Јорданче Панов И да боли нека боли 3 2 3 3 3 3 2 2.71
Категорија: Врвни изведувачи
Народни композиции
6843/1 Ставре Ставрев Пак ќе погрешам 8 2 3 9 6 7 9 6.29
6796/1 Катерина Таневска Не заборавај 7 7 5 6 5 7 3 5.71
6859/1 Мамут Ферати Дали си нашла подобро 4 3 4 8 6 5 10 5.71
6821/1 Елена Георгиева Твоја љубена 9 3 3 8 6 7 3 5.57
6820/1 Елена Георгиева Усни малини 2 3 3 6 4 7 3 4
Вики Среброва Друга љубиш ти 3 8 3 2 4 3 3 3.71
6842/1 Нино Величковски Само срцево го имам 2 4 3 3 3 6 2 3.29
6842/1 Нино Величковски Старата куќа 4 2 3 4 3 4 2 3.14
Виданка Ѓорѓиевска Песно моја 3 2 3 2 2 2 2 2.29
Забавни композиции
Александар Ристовски Сакај ме 8 10 10 6 7 7 10 8.29
6857/1 Ристо Апостолов Кога и како 7 10 10 5 8 9 8 8.14
6888/1 Ристо Апостолов Љубовна песна 6 10 10 5 8 8 9 8
6888/1 Ристо Апостолов Изгубени комети 6 10 10 6 7 7 7 7.57
6857/1 Ристо Апостолов Траги 1 10 10 3 10 9 8 7.29
6856/1 Лидија Кочовска Верувам 7 2 4 9 9 7 9 6.71
6893/1 Ѓорѓи Крстевски Побарај ме 10 5 4 4 7 8 8 6.57
Влатко Лозановски Бонбона 6 2 4 8 9 8 9 6.57
Димитар Андоновски Само ти 8 2 2 7 8 6 9 6
6888/1 Ристо Апостолов Нашите сни 2 10 9 5 6 5 4 5.86
6857/1 Ристо Апостолов Погледни ме 1 10 9 2 6 7 5 5.71
Александар Ристовски Осамен ренџер 8 10 7 5 3 3 3 5.57
6856/1 Лидија Кочовска Потполни странци 7 3 4 6 6 5 7 5.43
6901/1 Андријана Јаневска Островско танго 10 3 3 7 4 6 4 5.29
Александар Ристовски Чај и кекс 6 9 7 2 4 3 5 5.14
Александар Ристовски Крај 7 9 6 3 5 3 3 5.14
6901/1 Андријана Јаневска Дива љубов 9 5 4 5 4 4 4 5
6860/1 Авни Аљији Мојата Судбина - Fati im 2 5 5 7 4 4 8 5
6851/1 Драган Величковски Дај ми да ти дадам 1 2 3 8 6 5 9 4.86
6782/1 ДНК- Владимир Блажев Таа знае 2 3 3 4 8 4 9 4.71
6855/1 Марјан Стојановски За се што имавме 3 2 3 7 4 5 9 4.71
Елена Петреска Толевска Чувај ја 6 3 3 4 5 4 6 4.43
6901/1 Андријана Јаневска Песна во а-мол 7 4 3 3 3 3 6 4.14
Александар Ристовски Рок стар 4 10 7 1 3 2 2 4.14
Александар Ристовски Во гнездо на змеј 4 10 5 1 3 3 2 4
6880/1 Влатко Илиевски Погледни 5 2 3 4 5 4 2 3.57
6880/1 Влатко Илиевски Се ќе покрие прашина 3 3 3 3 5 4 3 3.43
6894/1 Ѓорѓи Крстевски Мала 2 4 3 3 3 4 4 3.29
Александар Ристовски Со краток фитил 2 9 5 1 2 2 2 3.29
6880/1 ВлаткоИлиевски Кој ли е ден 3 2 2 3 5 4 2 3
Ѓорѓи Крстевски Заборави на се 3 4 3 2 3 3 2 2.86
6855/1 Марјан Стојановски Секој ден 2 2 2 2 4 4 2 2.57
Категорија: Детски песни
6876/1 Татјана Шабановска Мала принцеза 10 10 7 8 8 9 10 8.86
6925/1 Максим Ристески Братче 9 10 10 6 4 5 9 7.57
Ванчо Димитров Баже Казанова 7 7 6 9 7 8 8 7.43
6876/1 Татјана Шабановска Другарка 2 10 7 6 7 9 9 7.14
6900/1 Тања Бајрактарова Брзозборка 10 5 5 2 8 9 10 7
6925/1 Максим Ристески Фудбалер 10 9 10 9 3 2 5 6.86
6925/1 Максим Ристески Сите на Водно 6 9 10 9 3 2 8 6.71
6840/1 Дарко Манасиевски Лето 6 4 8 9 4 6 9 6.57
6852/1 Лидија Бјелица Детскиот свет 10 3 4 10 6 8 5 6.57
6853/1 Ана Пандевска Математика 7 3 6 5 8 9 7 6.43
6900/1 Тања Бајрактарова Големиот буф 10 5 5 6 6 7 6 6.43
6840/1 Дарко Манасиевски Скијање 5 2 8 7 6 9 7 6.29
6925/1 Максим Ристески Несекојдневни миленици 6 9 10 6 5 3 2 5.86
Димитар Димитров Еко песна 7 6 5 8 5 4 5 5.71
Иван Јованов Велосипед 7 3 4 3 6 4 6 4.71
6794/1 Весна Валенте Маченце, снеженце 3 8 4 3 3 5 6 4.57
Иван Јованов Воз 8 2 3 7 4 4 4 4.57
6794/1 Весна Валенте Малечка самовила 9 3 2 4 4 5 3 4.29
6794/1 Весна Валенте Прва журка 3 5 4 2 2 5 1 3.14
6801/1 Стевче Грозданов Лето 4 3 2 3 2 3 2 2.71
6854/1 Дамјан Лазаров Сандра 2 2 2 2 4 4 2 2.57
Категорија: Композиции со кои се афирмира историјата на Македонија
6825/1 Ѓорѓи Крстевски За Македонија 8 8 8 9 6 7 4 7.14
6848/1 Филип Јорданов Вечна Македонија 6 3 7 8 7 7 8 6.57
Катерина Брезева Сонот на мајка Султана 9 6 3 10 6 6 5 6.43
6879/1 Бобан Павловски Светлост се крева 4 4 5 6 5 4 6 4.86
6841/1 Бојан Стојков Македонија 1 3 4 2 4 4 2 2.86
Ратка Кировска В затвор лежи Ѓуро тамничарот 10 2 3 1 1 2 1 2.86
Гоце Касаповски Добре ми дојде Александар 1 2 2 1 2 1 1 1.43
Категорија: Композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства
6904/1 Ристо Апостолов Топол дом 1 9 8 3 7 7 9 6.29
Сузана Петковска Биди мој 1 9 9 2 3 2 4 4.29
Анета Ристова Кај и да сум јас дома се враќам 5 2 3 4 5 2 5 3.71
Серафина Фантаузо Господ ќе не благослови 3 3 3 1 2 2 1 2.14

Категорија: Ѕвезди

Забавна музика
КРИТЕРИУМИ: 1.Издадени албуми во РМ 2.Издадени албуми во странство 3. Издадени синглови во РМ 4. Издадени синглови во странство 5. Одржани солистички концерти во РМ 6. Одржани солистички концерти во странство 7. Добиени награди во РМ 8. Добиени меѓународни награди 9.  Учество на финална вечер на Меѓународната манифестација ЕВРОСОНГ  (за изведувачи од забавна музика)
Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Вкупно поени:
Горазд Чаповски 6 8.571 4 4.571 40 8.511 30 4 136 15.543 130 8 3 1.154 2 2.5 0 Внеси вредност 52.85019874
Адријан Гаџа 6 8.571 7 8 47 10 20 2.6667 71 8.1143 112 6.8923 12 4.615 3 3.75 0 Внеси вредност 52.61007326
Марко Маринковиќ 5 7.143 0 0 45 9.574 4 0.5333 65 7.4286 14 0.8615 13 5 3 3.75 0 Внеси вредност 34.29076845
Вера Милошевска 6 8.571 1 1.143 37 7.872 2 0.2667 138 15.771 50 3.0769 4 1.538 0 0 0 Внеси вредност 38.24010599
Кристијан Габровски 5 7.143 0 0 32 6.809 0 0 94 10.743 0 0 5 1.923 0 0 0 Внеси вредност 26.61730185
Симеон Иванов 7 10 0 0 45 9.574 0 0 350 40 53 3.2615 10 3.846 4 5 0 Внеси вредност 71.68216039
0
MAX 7 7 47 30 350 130 13 4 0
Народна музика
КРИТЕРИУМИ: 1.Издадени албуми во РМ 2.Издадени албуми во странство 3. Издадени синглови во РМ 4. Издадени синглови во странство 5. Одржани солистички концерти во РМ 6. Одржани солистички концерти во странство 7. Добиени награди во РМ 8. Добиени меѓународни награди
Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Број Поени Вкупно поени:
Миле Кузмановски 9 10 0 0 105 10 0 0 58 40 39 7.8 13 5 0 0 72.8
Момо Николовски 2 2.222 3 8 100 9.524 0 0 31 21.379 40 8 11 4.231 7 5 58.3561
MAX 9 3 105 1 58 40 13 7